недела, декември 22, 2024
домаЖивотЗдравјеСимптоми кои никогаш не треба да ги игнорирате

Симптоми кои никогаш не треба да ги игнорирате

Овој период од годината често кашламе, киваме, исцрпени сме … И во повеќето случаи, тоа е безопасно, но како да знаете кога симптомите кои ги имате се знак на посериозен проблем?
Никој не сака да оди на лекар за секоја мала работа, но поради некои симптоми, лекар треба дефинитивно да се посети. Еве ги симптомите кои никогаш не треба да ги игнорирате и зошто.

Губење на тежината без очигледна причина

Повеќето луѓе би биле среќни да симнат некој килограм, и во ред е ако до резутатот сте дошле со здрава храна и промени во животниот стил. Она што треба да ве загрижи е губење на тежината ако нема некоја очигледна причина – односно, не сте ја смениле исхраната, активни сте како и обично, но имате се помала тежина.
Експертите велат дека според некои груби проценки, треба да посетите лекар ако изгубите околу пет проценти од вкупната килажа за помалку од шест месеци. Особено е загрижувачко ако сте и уморни, омалаксани …

Неочекувано губење на тежината може да биде симптом на недијагностицирана болест на цревата, хиперактивна тироидна жлезда, дијабетес, депресија, па дури и рак. Иако губењето на апетитот не мора да биде симптом на рак, секако е „црвено светло“. Имајте на ум дека не мора секогаш да биде последено со губење на апетитот.

Невообичаен исрасток било каде на телото

Ако забележите невообичаен исрасток било каде на вашето тело, не мислете „не е ништо“, туку посетете го докторот.
И покрај тоа што се покажува дека повеќето исрастоци се бенигни односно не се канцерогени, тие треба да бидат проверени. Можеби ќе се покаже дека тоа е само масно ткиво или нешто сосем безопасно, но без оглед на тоа дали грутка ве боли или не, одете на лекар.

Болка во градите

Болката во градите може да се јави од различни причини – од срцев удар, до грч во мускулите помеѓу ребрата. Точно, дури и нешто што е безопасно како ждригавица може да предизвика болка во градите – и интересно, ждригавицата во 20 проценти се заменува со симптоми на срцев удар.
И покрај фактот дека болката во градите не е сигурно единствен, ниту пак е задолжителен симптом за срцев удар, не треба да се игнорира. Болката во градите може да се јави како некоја непријатност, бодење или притисок, може да биде остра или тапа, но секоја ненадејна болка во градите треба да се сфати сериозно.
Експертите советуваат веднаш да се оди на лекар, особено ако се чувствува притисок во градите кој трае повеќе од 15 минути, се шири во рацете, грбот или вилицата и е проследен со потешкотии во дишењето, гадење, потење …

Промена во варењето

За многу луѓе непријатно е да се зборува за цревата и варењето, но овој разговор може да спаси нечиј живот.
Ракот на дебелото црево е еден од најголемите убијци и се повеќе пациенти се млади луѓе, па сите промени во варењето не треба да се игнорираат. Кога велиме промени во варење, пред се се однесува на фреквенцијата на празнење на дебелото црево – ако одите во тоалет почесто или поретко од вообичаеното за вас. Запек и генерално успорена работа на цревата како и пролив или забрзана работа на цревата кои траат подолго од една недела или две, е знак дека треба да се оди на лекар.

Проблеми со голтањето

Тешкотии при голтање храна или течности се најчесто поврзани со болки во грлото, а ако симптомите не поминуваат по неколку дена, јавете се кај вашиот лекар, без оглед на тоа дали ве боли грлото или не. Проблемите со голтањето може да бидат знак дека нешто не е во ред со грлото, дишникот или стомакот.
Овој симптом не е нужно знак на никаква страшна болест – тоа може да има врска со возраста и поопуштени мускули, но, исто така, може да биде знак на невролошки проблеми. Не игнорирајте ниту ако се сити, а јадете малку, имате впечаток дека храната ви се заглавува во грлото или кашлате додека ја голтате храната.

Упорна кашлица

Во ова време од годината кашлицата е вообичаен симптом на настинки и грип, но во повеќето случаи треба да престане по најдолго три недели. Меѓутоа, ако страдате од постојана кашлица која трае подолго од ова и уште е проследена со краток здив, треба да посетите лекар.
Кашлицата е предизвикана од иритација на дишните патишта и останувањето без здив е знак дека белите дробови не работат правилно – можеби тоа се должи на астма, алергии, белодробни или срцеви болести.

Болка што упорно се враќа

Сите повремено доживуваме ненадејна и краткотрајна болка. Но, ако тоа е болка која постојано се враќа, на пример, повеќе од три недели, не треба да ја игнорирате. Особено е важно на лекарите да им нагласите ако болката е проследена со ненадејно губење на тежината, постојан замор, летаргија, промени во варењето …

Промени на кожата

Ако забележите ненадејни промени на кожата кои не исчезнуваат по три недели, најдобро е да одите кај лекарот. Обрнете внимание на тоа дали настанатата промена (брадавици, исип …) станува поголема, потемна, чеша, боли, дали вашата кожа се лупи …

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ