Синер е носител на завршниот АТП, Ѓоковиќ се повлече

0
26

Со повлекувањето на Новак Ѓоковиќ од завршниот АТП турнир, се потврдија имињата на осумте учесници кои ќе се натпреваруваат на Мастерсот во Торино, од 10 до 17 ноември. Листата на учесници ја предводи Јаник Синер, финалистот од минатата година, а како втор носител е поставен Александар Зверев.

За трофејот ќе се борат и познатите тенисери Карлос Алкараз, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Каспер Руд, Алекс де Минор и Андреј Рубљев.

С.Н.