По евакуирање на група цивили од јужниот дел на Дамаск, сириските владини сили ќе продолжат со офанзивата против Исламска држава во областа, известува Сириската државна телевизија.
Воспоставен е прекин на огнот ноќта меѓу недела и понеделник за да се евакуираат жените, децата и старите лица од јужниот дел на главниот град на Сирија, Хаџар ел-Асвад, наведе сириската телевизија повикувајќи се на неименуван воен претставник.
Истиот официјален претставник вели дека прекинот на огнот ќе заврши на пладне, по што владата ќе продолжи со операциите во зоната Хџар ел-Асвад и блискиот палестински бегалски камп Јармук, наведе АП.
Сириската опсерваторија за човекови права во Велика Британија соопшти дека на некои борци на ИД им било дозволено да го напуштат Јармук и соседната населба Ел Тадамон. Во исто време, сириските државни медиуми негираат дека е постигнат договор за евакуирање на борците, јави американската агенција.