Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на својата официјална фејсбук страна вечерва ја информира јавноста дека е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од Ковид-19.
Од менаџментот на болницата реагираа и по апелите во јавноста за помош на Лазе Најдовски, чија ситуација се влошува како последица на Ковид – 19, и информираат дека се подготвени да го преземат неговото лекување.
„Нашата болница ќе направи се што е потребно за неговото здравје„ – се вели во информацијата споделена на нивната официјална фејсбук страна.
Претходно пријателите на Најдовски по социјалните медиуми информираат дека тој се уште се лекува во друга приватна болница, каде наводно и покрај тоа што му било побарано да плати скоро 900000 денари, немале крв за трансфузија.
А.Н.