сабота, декември 21, 2024
домаЖивотЗдравјеСите бенефити на зелката

Сите бенефити на зелката

Нутриционистите препорачуваат да се јаде што повеќе зелка овој период од годината, бидејќи е богата со витамин Ц кој докажано штити од вируси. Покрај тоа, свежата зелка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, помага при ревматизам и проблеми со стомакот и кожата.

Болка во колената, грбот или рамената може да се ублажи со преврски со свежи листови зелка. За супстанциите од листовите брзо да се апсорбираат во кожата се советува листот претходно да се испресува со шише или сукало. Болното место држете го прекриено со зелка во текот на целата ноќ, или за поефикасна терапија менувајте ги облозите три пати на ден. Благотворно дејство на воспалени, отечени и болни зглобови имаат гликозидите кои се наоѓаат во зелката.

Сок од свежа зелка е ефикасен во лекувањето на иритирана слозокожа на желудникот. Ова е потврдено со истражување во кое пациентите пиеле литар свеж сок дневно, што довело до намалување на болките во стомакот или нивно целосно прекинување. За ова се заслужни високото ниво на глутамин и аминокиселини кои се „гориво“ за клетките во ѕидот на желудникот и тенкото црево.

Едно истражување покажа дека фитонутритиенти од зелката – индол-3-carbinol (I3C), сулфорафан и индол го намалуваат ризикот од рак на дојка. Зелката исто така го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Високата содржина на хранливи влакна и фитонутритиенти е заслужна за ова, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат големи количини на зелка помалку заболуваат од овој тип на карцином.

Покрај изобилството на хранливи влакна, зелката содржи и магнезиум, калциум, манган, фолна киселина, витамин А, Б1, Б2 и Б6, калиум, омега-3 масни киселини.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ