недела, јануари 5, 2025
домаНасловнаСлавица Петковска: Во "1200 молитви за Тоше" е и мојата молитва! 

Славица Петковска: Во “1200 молитви за Тоше” е и мојата молитва! 

Неодамна, објавивме за спомените за Тоше кои ги негува Славица Петковска од Кратово, и нејзината голема желба повторно да го посети Крушево и “Планет” местото каде Тоше Проески своевремено се забавувал со своите другари. За читателите на text.mk Славица сега нѝ ги испрати и своите песни напишани за својот миленик.

-За себе ќе кажам дека сум дете со посебни потреби, и тоа ме спречуваше да бидам со мојот идол, но сите пречки ги надминуваше мојата љубов кон Тоше. Кога го изгубивме, постојано размислував како можам да ја искажам таа љубов и и еден ден дојдов до идеја да пишувам  за него. Почнав да пишувам песни и тоа беше за себе, воопшто не мислев дека ќе дојде ден некому да му се допадне тоа ја што го  пишувам. И, така, еден ден, гледајќи на фејсбук го здоледав конкурсот за песни на Маријана Митревска, која објави прекрасна книга со песни кои фановите ги пишуваше за Тоше. Па тогаш си реков “зошто не ја прашам, сакам и јас да земам учество во нејзината книга, која се вика  ” 1200 молитви за Тоше”, ѝ пишав  порака, таа ја прочита песната и ми одговори дека ѝ се допаѓа ама конкурсот завршил баш таа вечер.” Но, ај да видам што можам да направам и ќе те известам утре”, додаде, а јас се почувствував тажно и се обвинував “леле боже како можев да пропуштам ваква шанса”, цела ноќ не заспав. За среќа, утредента Маријана ми пиша дека сум примена, срцето ми трепереше од среќа. Ми побара  ште две песни, тогаш ѝ пратив и ѝ реков “Маријана ме направи многу среќна, ми го подари целиот свет”, раскажува.

Славица вели дека со овој гест станале многу добри пријателки.

-Со нетрпение чекав да се објави книгата, потоа благодарение на моите пријтели Оксана Пеце Рујановски и мојата мајка заминав за Крушево на промоција на книгата, која се одржа на  25 јануари, на денот на родеденот на Тоше.  Јас отидов  да си ги прочитам моите песни и да си ја земам дипломата која ми значеше многу, затоа што за прв пат направив нешто за моето ангелче,  моето сонце, мојот пријател Тоше Проески. Откако се вратив од Крушево продолжив да пишувам со поглема мотивираност за следна книга и така сега чекам повторно да бидаат објавени во нова книга за Тоше, нѝ раскажа Славица.

ТОШЕ

Еден Јануарски ден се роди едно бебе
Во една фамилија
Но никој не знаеше дека на тоа дете сите ќе му се радуваат
Тој порасна во голема музичка ѕвезда
Затоа што имаше прекрасен глас
Како на славеј
Тој пеејќи ја делеше љубовта
која беше преголема во неговото срце
Сега секој ден се будам со неговата фотографија
На неа има волшебна насмевка
Ми дава сила да го започнам денот
Тој е заедно со мене преку песната
Неговите родители му дадоја убаво име
Тој се вика Тоше.

***
Гулаб

Кога би нашла еден бел гулаб
Ќе го земам во дланкиве
Ќе го помислувам и ќе му шепнам:
„Летај, летај гулабе бел
Одлетај од рацеве кон небото
Најди го најубавото ангелче и кажи му
Колку многу го сакам
И подари му ја мојата топла прегратка”.

Валентина Ѓоргиевска Парго

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ