Поранешниот разузнавач Едвард Сноуден доби дозвола за престој во Русија, што значи дека неговиот престој повеќе не е ограничен, изјави денеска неговиот адвокат Анатолиј Кучарена.
Адвокатот додаде дека засега Сноуден не размислува да поднесе барање за руско државјанство, пренесува „Тасс“.
Дозволата за престој на Сноуден истече на 30 април, но поради пандемијата со корона вирусот автоматски се продолжи до 15 јуни, а по завршувањето на карантинот, тој побара продолжување на дозволата.
Во 2013 година, Сноуден објави информации за методите за електронско набљудување што ги користеле американските разузнавачки служби, вклучително и незаконско прислушување разговори на странски лидери, по што побара азил во многу земји, вклучително и Русија, со цел да избегне прогон од страна на американските власти.
Тој доби дозвола за привремен престој во Русија една година подоцна и оттогаш е во таа земја. Во САД тој е обвинет за кршење на два члена од законот за шпионажа, и за секој може да добие по 10 години затвор. А.Р.