четврток, декември 26, 2024
домаЖивотЗдравјеСо ѓумбир зајакнете го имунитетот и здраво намалете ја тежината

Со ѓумбир зајакнете го имунитетот и здраво намалете ја тежината

Како здраво и брзо да ги намалите килограмите, и притоа да добиете рамен стомак? Ова е тајната на желбата која живее во сите нас. Не сме свесни за тоа со колку природни состојки од нашата кујна можеме да го постигнеме тоа. Една од намирниците што е еликсир на здравјето, но и ефикасна алатка за отстранување на вишокот килограми е ѓумбир.

Ѓумбирот е еден од најстарите зачини што се користат во светската кујна и претставува таква намирница што навистина може да направи чудо кога станува збор за вашата идеална тежина. Дејството на ѓумбирот врз општото здравје е сигурно и научно потврдено.

Ѓумбирот потекнува од Кина, од каде што е пренесен во Индија, Југоисточна Азија, Западна Африка и Карибите. Европејците дознале за ѓумбирот дури во првиот век од нашата ера и доживеале откровение, иако за Азијците нашироко е познат и се применува за конзервирање на храната, за зачини и во медицински цели.

Гингерол (Gingerol), главното активно биоактивно соединение на ѓумбирот и одговорно за повеќето лековити својства, има моќни антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Ѓумбирот се користи илјадници години за лекување на многу болести како што се гадење, вртоглавица, настинка и кашлица, повраќање, слабост, менструални и болки во мускулите и други видови на болести.

Со сите хранливи материи и биоактивни соединенија кои имаат моќни придобивки за вашето тело, ѓумбирот може ефикасно да помогне за намалување на вишокот тежина, вклучувајќи го и „ременот“ околу стомакот кој е потешко да се отстрани од маснотиите во другите делови од телото.

Како ѓумбирот помага во губење на тежината

Неколку студии покажаа дека ѓумбирот може да помогне во намалување на нивото на холестерол. Исто така, е потврдено дека ова растение помага во борбата против дијабетес, срцеви заболувања, дебелина. Ѓумбирот, исто така, помага во чистење на дебелото црево, помагајќи да се исфрлат штетните токсини и да се воспостави нормално варење. Со зголемување на ефикасноста на варењето со исхрана, можете да исфрлите дополнителни маснотии и да го забрзате метаболизмот, со што губењето на тежината станува многу полесно и поефикасно. Всушност, ѓумбирот не само што ви помага да изгубите тежина и да се ослободите од прекумерните масни наслаги, туку исто така ви овозможува да ја одржите вашата идеална тежина.

Ќе ви требаат само пет минути за да подготвите напотик (чај) од ѓумбир на следниот начин:

  • Измијте, излупете дел од свеж ѓумбир, околу 5 см
  • Исечете го на мали парчиња и наполнете вода во тенџере / чајник
  • Додајте сецкани / рендани парчиња ѓумбир во врела вода и кога ќе зоврие, варете околу 10 минути
  • Чекајте 10-тина минути да се излади, додадете мед и лимон по желба, измешајте и уживајте.

Пијте чај од ѓумбир, една до две шолји на ден, за да го подобрите вашето здравје и да ја започнете борбата против дебелината. Ѓумбирот треба да се консумира во умерена количина. Препорачаната дневна доза на оваа намирница е 4 грама. Повисоките дози може да им штетат на некои луѓе.

Една до две шолји од овој чај, секој ден од месецот ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина и да го намалите обемот на стомакот, како и да ги постигнете следните здравствени придобивки:

  1. Регулира холестерол во крвта
  2. Олеснува менструални грчеви
  3. Помага против гадење и болки во стомакот
  4. Помага кај подуеност
  5. Го засилува протокот на крв
  6. Го регулира нивото на шеќер во крвта
  7. Лечи главоболка и мигрена
  8. Спречува ширење на клетките на карцином
  9. Го детоксифицира организмот
  10. Го подобрува целокупното здравје
  11. Ги зајакнува забите и коските
  12. Спречува стареење
  13. Го заштитува телото од слободните радикали
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ