На 11 декември во големата сала на Македонската филхармонија, нашиот пијанист Дино Имери ќе одбележизначаен јубилеј – 10 години уметничка кариера.
Специјални гости на концертот ќе бидат Влатко Стефановски, Благој Нацоски, Камерниот оркестар на МММи Дијана Имери Илкоска како диригент, Бојан Илкоски, Марија Јакимовска, Богдана Бушевска, БиљанаЈосифов, Инес Неделковска, Ади Имери и Ивана Коцевска а водител ќе биде Јана Серафимовска.
На концертот ќе бидат изведени дела од класичниот репертоар како Равел, Пјацола, Дворжак, Доплер, но иавторската композиција на Имери “Сон” напишана за Благој Нацоски, дело од Дамир Имери, како и многудруги специјални изненадувања.
– „Програмата е конципирана така да ја прикаже разноликоста на мојата дејност низ овие десетина години, асо тоа да биде и допадлива на присутната публика. Секој гостин си носи свој различен печат, како и својаисторија во взаемната соработка со мене. Чест ми е што ќе ја делам сцената со овие врвни уметници и штосите без исклучок со задоволство ја прифатија мојата покана„ – вели Дино Имери.
Инаку, Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерацијакласични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова и проф. БорисРоманов (во чија класа и дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со Cum Laude), како и сопроф. Симон Трпчески, во чија класа магистрира на само 22-годишна возраст со просек 10 и со почести Cum Laude. Во својата досегашна дејност.
Имери имал многубројни настапи во Македонија, но и во странство: Загреб (отворање на циклус„Пијанофортисимо“, спектакуларен концерт што поминува со 4 биса по редовната програма), соСтразбуршкиот филхармониски оркестар (француска премиера на Концертот за пијано и оркестар од ДамирИмери), со Софискиот филхармониски оркестар (со изведба на Концертот бр. 3 од Сергеј Рахмањинов), нафестивали во Франција, Приштина, Австрија… Дино Имери се вбројува во десетте најдобри европскипијанисти според ранг–листата на
Третиот европски пијано–натпревар одржан во Нормандија, Франција, а еднакво успешен во својата родназемја, во 2013 година се здобива со највисокото домашно признание за класична музика – наградата„Виртуози“ во категоријата „Млад музички уметник“.
Во 2015 година го добива признанието Лауреат на Фондацијата „Томислав
Зографски“, доделена од истоимената фондација за промоција на македонските композитори во земјата и востранство. Во 2010 година, Дино Имери потпиша двегодишен договор со Европската пијано–програма –проект што му ги отвори интернационалните сцени во Франција, Австрија, Полска…
Во 2013 година го издава своето прво ДВД–издание со музика од Хајдн, Бетовен, Лист и Брамс, во соработкасо оркестарот „Фејмс“ за снимање филмска музика.
Во 2015 година бележи големи меѓународни успеси, меѓу кои и неговото деби со Софискиот филхармонискиоркестар што резултира со покана за настап повторно со истиот оркестар истата година. Во 2015 година,Имери првпат настапува со Македонската опера и балет во балетската претстава „Огнени градини“ поддиригентство на Јозеп Вицент и Бисера Чадловска, а во кореографија на Xејмс Амар. Редовно одржуварецитали, а е активен и во
камерната музика настапувајќи со разновидни камерни ансамбли.
Дино Имери остварува бројни соработки и со Македонската филхармонија, меѓу кои и настапот на свечениотконцерт за отворање на сезоната годинава, на кој младиот пијанист пред илјадната публика го изведеКонцертот бр.1 за пијано и оркестар од П. И. Чајковски, изведба за која домашната критика се изрази восуперлативи („Генијална беше оваа солистичка изведба на концертот од Чајковски“ – Ангелина Димоска, „Нова Македонија“; или пак „Со овој настап солистот докажа дека веќе не е млад и ветувачки пијанист, тукусозреан и
докажан виртуоз кој го очекува меѓународна кариера“ – Журнал).
Концертот е со почеток во 20 часот а влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на КупиКарти За Се, Југотон, билетарата на Македонска Филхармонија како и онлајн на www.kupikartizase.com.
Концертот е поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.