четврток, април 25, 2024
домаСобранието изгласа недела да е неработен ден од први јануари

Собранието изгласа недела да е неработен ден од први јануари

Собранието на денешната седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против го изгласа законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден. Овие измени на Законот за работните односи ќе стапат на сила од 1 јануари. Целта на ова законско решение е воспоставување на  рамнот ежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.

Како што посочи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на собраниската седница од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците.

„Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. Затоа, оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена,“ рече Шахпаска.

Таа додаде дека вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%. А дополнително, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

„Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Поради тоа остануваат наш приоритет во градењето на идните политики,“ порача министерката Шахпаска. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ