Социјалните мрежи, како што се Instagram и Facebook, се најдоа на удар на јавноста поради наводното цензурирање на објави кои нудат помош за пристап до апчиња за абортус. Според најновиот извештај на „The New York Times,“ повеќе организации и индивидуални активисти пријавиле дека нивните објави, поврзани со информации за пристап до репродуктивни здравствени услуги, биле отстранети или ограничени.
Проблемот произлегува од тоа што алгоритмите и правилата на платформите често се користат за „модерирање“ на содржина која наводно ги прекршува нивните стандарди. Сепак, критичарите тврдат дека ваквата пракса непропорционално ги таргетира оние кои бараат или нудат поддршка за репродуктивни права, особено по строгите закони за абортус во некои држави.
Оваа појава го отвора прашањето за слободата на изразување на социјалните мрежи и правото на пристап до информации, особено за ранливите групи кои се потпираат на овие платформи за животно важни услуги.
Н.Д.