Македонскиот тенор Благој Нацоски, придружуван од пијанистката Јанинка Невчева утревечер (13.04), со почеток во 20 часот, на големата сцена на Македонската опера и балет ќе одржи соло-рецитал. На рециталот со наслов „Sole e Amore“ или „Сонце и љубов“ ќе се изведат композиции од повеќе познати автори како: Винченцо Белини, Реиналдо Хан, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости и Бенџамин Бритн.
Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот “Венеција” од Рејналдо Хан, ќе биде изведен за првпат во Македонија.