среда, декември 4, 2024
домаКујнаСонатна вечер со рускиот пијанист Евгениј Корољов

Сонатна вечер со рускиот пијанист Евгениј Корољов

Исклучителниот руски пијанист Евгениј Корољов в понеделник (2 декември) во 20 часот ќе одржи рецитал во Камерната сала на Филхармонија.
На програмата се пет антологиски дела за пијано од големиот германски композитор Лудвиг ван Бетовен чие творештво годинава се чествува низ целиот свет по повод 250 годишнината од неговото раѓање. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските ремек дела: Соната бр.8 во c-moll, оп.13- „Патетична“, Соната бр.13 во Es-dur оп.27, бр.1- „Квази уна Фантазија“, Соната бр. 14 во cis-moll, оп.27, бр.2: „Месечева соната“, Соната бр. 27 во e-moll, оп.90 и Соната бр. 23 во f-moll, оп.57- „Апасионата“.

Рускиот пијанист Евгениј Корољов (1949), роден во Москва каде што и студирал на Московскиот конзерваториум, живее и делува во Хамбург, а од 1978 година е професор на тамошниот Колеџ за музика. Заедно со својата сопруга, македонската пијанистка Љупка Хаџигеоргиева, го формира дуото „Корољов“, со кое настапува ширум светот и од своето постоење (1976) се здобива со значајни награди, меѓу кои и наградата „Choc“ на фестивалот „Le monde de la musique“ за аудиозаписот на Шубертовата музика. Во 2011 година, дуото сними цеде со дела од Бах. Евгениј Корољов уште како студент се истакнал со врвна пијанистичка техника, за што бил наградуван на меѓународни натпревари, меѓу кои и на Бах натпреварот во Лајпциг (1968), или наградите „Ван Клибурн“ (1973) и „Клара Хаскил“ во Швајцарија (1977). Тие му овозможиле интернационална кариера и настапи во Источна и Западна Европа, Канада и во САД. Корољов, покрај делата од периодот на класицизмот и романтизмот, како и делата од современиот репертоар, отсекогаш бил заинтересиран за творештвото на Ј.С.Бах. На 17 години во Москва ќе го изведе неговиот „Добро темпериран клавир“ и оттогаш постојано го изведува Бах, особено „Голдберг варијациите“ и „Уметноста на фугата“. Настапувал на значајни фестивали низ светот, како солист, но и како камерен музичар со видни музичари, меѓу кои и со виолончелистите Миша Мајски и Наталија Гутман или виолинистот Кристоф Барати. Првото цеде на Корољов на кое тој ја изведува „Уметноста на фугата“ ќе добие извонредни критики. Композиторот Џорџ Лигети, на пример, ќе каже: „Ако треба да изберам едно музичко дело на пуст остров, тогаш ќе го изберам Бах со Корољов, кој би го слушал сè до мојот последен здив“. Цедето со „Голдберг варијации“ исто така не само што доби добри критики, туку е оценето како култно издание и се здоби со мноштво меѓународни награди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ