четврток, декември 26, 2024
домаНасловнаСопственикот на Алибаба на САД ќе им донира еден милион маски и...

Сопственикот на Алибаба на САД ќе им донира еден милион маски и 500.000 тестови

Кинескиот милијардер и сопственик на Алибаба, Џек Ма, на Соединетите американски држави ќе им донира еден милион маски за лице и 500.000 тестови на вирусот корона. Тестовите и маските се подготвен и се чека почеток на испораката, а како што рече Ма, најефикасна борба против вирусот е точното тестирање, заштитна облека кај медицинскиот персонал и ефикасна превенција, јавува „Би-Би-Си“.

Ма на својот Твитер објави фотографии од спакувана стока што треба да се натовари во авион во Шангај.

Ма понуди помош веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи национален тревога, со што е обезбедено користење на 50 милијарди американски долари од федералниот буџет.

Досега компанијата Алибаба донираше опрема во Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Иран и Шпанија. Во исто време, Ма подготви два милиони маски и 100.000 тестови за европските земји. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ