среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСовети како да ги заштитите очилата да не ви се замаглат при...

Совети како да ги заштитите очилата да не ви се замаглат при носење заштитна маска

За да го спречите ова, отворете го шамичето и поставете го од врвот на маската надолу. Ова создава бариера помеѓу носот и очилата. Можете исто така и да го преклопите горниот дел од маската

Деновиве многумина избираат да носат заштитна хируршка маска за лице за да се заштитат од инфекција барем малку. Бидејќи тешко се наоѓаат и купуваат, многумина прибегнаа кон алтернативи како што се платно или памучни маски, но без оглед на материјалот, оние што носат очила наидуваат на дополнителни проблеми. Кога топлиот здив ќе достигне ладна површина на стаклото, очилата се замаглуваат.

За да се избегнат ваквите ситуации и да можете без никаква пречка да ги користите и маската и очилата, пптичарите препорачуваат:

1. Користете шамиче
За да го спречите замаглувањето на очилата, отворете го шамичето и закачете го на горниот дел од маската во должина. Ова создава бариера помеѓу носот и очилата. Можете исто така да го преклопите горниот дел од маската навнатре за дополнителен слој.

2. Ставете малку сапун на стаклата на очилата
Додадете сапун на стаклата од очилата и со вода избришете ги стаклата, но не ги бришете целосно со чиста вода. Оставете малку сапун да се исуши на стаклата, препорачуваат оптичарите.

Ал.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ