среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСпасовски на инфективна клиника, но во стабилна состојба

Спасовски на инфективна клиника, но во стабилна состојба

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски синоќа бил хоспитализиран на клиниката за Инфективни болести, дознава ТЕХТ.МК од болнички извори.

-Министерот од вчера е на инфективната клиника поради висока температура. Неговата состојба сега е стабилна, потврдуваат од МВР.

И министерот за здравство, доцент Венко Филипче, потврди дека  Спасовски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје од вчера вечер, поради покачена температура заради Ковид-19. Како што изјави Филипче здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Колку за потсетување Спасовски пред три дена објави  на неговиот профил на Фејсбук дека е позитивен на корона вирусот, кога напиша и дека клиничката слика му е добра, дека има благи симптоми и дека е во домашна изолација.

Тој во неделата учествуваше  на дигиталниот конгрес на владејачката партија, кога и се сретна со дел од раководството на партијата.

Н.Д.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ