среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаСпецијализантите испорачаа барања за подобрување на здарвствениот систем и за нивна заштита

Специјализантите испорачаа барања за подобрување на здарвствениот систем и за нивна заштита

по најавата дека специјализантите ќе се вклучат во Ковид центрите, реагираа со предлог мерки кои веруваат дека ќе влијаат на ублажување на ситуацијата, но истовремено и на правовремена заштита на здравствените работници. Во објавата на наивната официјална фејсбук страна тие пишуваат дека не веруваат дека моменталната поставеност на здравствената заштита во земјава нема уште долго да го издржи налетот на приеми на болни пациенти.
Поради тоа тие испорачаа неколку барања, кои браат под итно да се разгледаат и применат. Тие бараат:
– Тријажни центри кои ќе имаат и RTG (фиксен или мобилен небитно), лабораторија со хемостаза и d-dimeri, CRP, LDH, CK, и останати биохемиски анализи(alt, AST, bilirubin, urea, kreatinin…)
– Дневно болнички центри за парентерални антибиотици и останата терапија за тие пациенти што се независни од кислород.
– Ослободување на сите хронични пациенти, охрабрување на работа од дома.
– Редовен програм за сите сите хронични пациенти на Клинички центар.
– Спроведување на централен довод на кислород до секој кревет.
-Тренинг за сите што одат да работат во Ковид центар, задолжително здравствено да се осигурани и тие со договор на дело.
– Воведување на ограничувања на движење и построги контроли.
– Триплирање на јавниот превоз.
– Централизирана комуникација и он лајн контрола на слободни места за хоспитализација.
Засега нема одговор на барањата на специјализантите!
Н.Д.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ