среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСрпскиот проф. Кочовиќ проценува дека вториот бран на корона вирусот во Северна...

Српскиот проф. Кочовиќ проценува дека вториот бран на корона вирусот во Северна Македонија ќе заврши на 4 декември

Српскиот професор Петар Кочовиќ кој го предвиде движењето на короната, како и почетокот и крајот на првиот и вториот бран во регионот, денеска излезе со нови информации, а кои се однесуваат кога ќе заврши овој т.н втор бран на корона вирусот и дали ќе има и трет бран.

Професорот Кочовиќ работи на проценка на движење на корона вирусот заедно со неговиот тим користејќи ја Гаусовата крива (математички модел заснован на работата на познатиот германски математичар и физичар Јохан Карл Фридрих Гаус) која се движи на дневна основа. Според Кочовиќ методологијата е единствена и се заснова на повеќе бранови, а последната проценка се однесува на крајот на вториот бран во 216 земји колку што третираат во нивните проценки.
Според оваа анализа, во регионото Србија е во најдобра позиција, бидејќи според проценката на професорот, крајот на вториот бран се очекува на 11 септември, односно за само 5 дена.
Најлошото предвидување, кога станува збор за крајот на вториот бран во земјите од регионот, се однесува на Хрватска, каде според неговите пресметки, крајот ќе следи на 26 јануари следната година. Крајот на вториот бран во соседна БиХ се предвидува на деветти, а во Црна Гора на 30 октомври. Исто така, според неговите пресметки, во Албанија предвидува вториот бран да заврши на 17 ноември, додека во Северна Македонија на 4 декември или три недели подоцна од првата проценка.

Потсетуваме, овој српски инженер и неговиот тим користат најсовремени математички модели за да го предвидат движењето на пандемијата на вирусот корона, и тоа не само во Србија, туку и низ целиот свет. Според неговите пресметки, Србија ја очекува и трет бран, кој треба да започне веднаш по крајот на вториот. Доколку овие пресметки се остварат, тој би бил пократок од вториот бран (118 дена) и подолг од првиот (82 дена) и би траел до 17 декември.
Професорот Кочовиќ исто така го предвиде и бројот на заразени лица што се очекува во овој трет бран. Според овие бројки, тој треба да биде послаб од сегашниот, втор, и посилен од првиот бран што нè „закачи“ во март, април и мај.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ