четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаСтолтенберг: Прво постигнување договор со Грција, па членство во НАТО

Столтенберг: Прво постигнување договор со Грција, па членство во НАТО

Без постигнување на договорот со Грција за ново име, Македонија нема да може да влезе во НАТО, порача денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Столтенберг на заедничката прес-конференција по разговорот со македонскиот премиер Зоран Заев, рече дека очекува граѓаните на Македонија ја препознаат шансата и да ја искористат.

„Очекувам лидерите на самитот на НАТО на 11 и 12 јули да ве повикаат на разговори за почеток на пристапувањето“, рече Столтенберг, кој го поздрави договорот меѓу Грција и Македонија за новото име, додавајќи дека тоа е голем успех и добар пример за другите земји во регионот.

„Прашањето за името беше сенка долго време, но сега договорот е пример за секој вид на соработка. Вратите на НАТО се отворени, а вие сте на прагот. Сакаме да ја видиме Македонија како стабилна и просперитетна земја во регионот“, рече Столтенберг.

Тој, сепак, истакна дека без постигнување на договорот, Македонија нема да може да влезе во НАТО, и додаде дека очекува дека граѓаните на Македонија да го препознааат тоа како шанса и да го искористат тоа.

Запрашан за очекувањата од претстојниот самит, Столтенберг рече дека верува оти Македонија ќе добие покана за почеток на преговори за приклучување, а кога преговорите за приклучување ќе завршат, таа ќе стане полноправна членка на Алијансата.

Премиерот Заев рече дека очекува исходот од референдумот за договорот меѓу Грција и Македонија, планиран за есенва, да биде позитивен.

„Република Македонија изгради мостови за решавање на споровите со соседните земји. Договорот со Грција отклучи процес, со цел конечно да стане дел од НАТО. Чекор по чекор, за само една година, нашата земја има постигнато она што никој не можел да го предвиди. Силната волја да разрешување на споровите ни донесе многу среќни вести. Сега имаме нешто конкретно за кое би можеле да се обединиме. Да и речеме „да“ на нашата иднина“, рече Заев.

Очекувањата на Македонија, според неговите зборови, се да стане 30-та членка на НАТО и на знамето на земјата да се завиори на јарболот пред седиштето на воената алијанса.

Вчера Европскиот совет ја поддржа одлуката за почеток на преговори со Македонија и со Албанија.

„Шефовите на држави и влади од земјите членки на Европската унија го поддржуваат и поздравуваат договорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија. Тоа, како и договорот меѓу Македонија и Бугарија дава добар пример за останатите во регионот да засилат добрососедски односи“,наведено е во заклучоците од синоќешната седница.

Советот на ЕУ на ниво на министри во вторникот препорача отворање на преговори за членство со Македонија и со Албанија во јуни 2019. Двете земји до отворањето на преговорите ќе треба да постигнат напредок во реформите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ