понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотЗдравјеСтресот причина за паѓање на косата кај пациенти со прележан Ковид19

Стресот причина за паѓање на косата кај пациенти со прележан Ковид19

Од 150-700 влакна можат да паднат дневно. Губење на косата трае 2-3 месеци по прележување на вирусот

Само три или четири месеци откако страдаа од инфекција со КОВИД19, се повеќе жени и мажи, во периодот на опоравување, почнуваат да се жалат на ненадејно, дифузно опаѓање на косата, што тие го опишуваат како вознемирувачко и психолошки стресно, бидејќи секој ден гледаат „полна рака“ или „топче“ од падната коса. Тоа најчесто се случува по чешлање или миење на косата.

Зошто косата паѓа?
– Губењето на косата што го гледаме кај пациенти во пост-ковид19 периодот, според видот е телоген ефлувиум. Обично се јавува 3-4 месеци откако страдаат од инфекција со ковид 19, а може да влијае и на 50 проценти од косата. 150-700 влакна можат да паднат дневно. Губење на косата трае два до три месеци. Процесот е реверзибилен, косата се обновува спонтано, полека и постепено во текот на следните неколку, обично шест месеци. Со продолжен психолошки стрес, обновувањето на косата може да трае многу подолго од 6 месеци – објаснува проф. Љиљана Меденица.

– Ова дифузно и реверзибилно опаѓање на косата (телоген ефлувиум) во не-КОВИД време се забележува кај луѓе после болести и операции, високо фебрилни состојби, тежок психолошки стрес, екстремни диети за слабеење, породување, кај лица со намалена функција на тироидната жлезда, намалена нивоа на железо или витамин Д во организмот.

Која е причината и дали постои терапија?
– Не постои специфична терапија за овој вид на опаѓање на косата, имајќи предвид дека процесот е реверзибилен, се очекува спонтан раст на косата. Сепак, примената на методот PRP (пр. Плазма богата со тромбоцити) може да го забрза процесот на раст на косата – вели проф. Меденица.

Вистинската причина за опаѓање на косата после коронарна инфекција е стресот. Професорката тоа го обајснува вака:

– Во време на пандемија, секој ден, од почетокот на 2020 година, се грижиме дали ќе бидеме заразени со вирусот САРС-Ков-2, дали ако ние или нашите најблиски се разболиме, ќе има места за лекување во болниците, стрес поради можна загуба најблиски, како да се справите со карантин ако ни се случи повторно, што ако има промени или губење на работа, што носи 2021 година…

Општо, може да се очекува зголемен број на пациенти кои губат коса (телоген ефлувиум), како кај оние кои се опоравуваат од инфекција со ковид-19, така и кај оние кои не се заразени со вирусот САРС-Ков-2, но живеат во време на длабок и голем стрес. – вели проф. Д-р Меденица.               А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ