Студените нозе често се спомнуваат како симптом на здравствени проблеми (слабокрвноста, пореметена работа на штитната жлезда, кардиоваскуларните болести, дијабетес) , но сепак испитувањата покажуваат дека главната причина пред се треба да се бара во начинот на животот.
Еве неколку работи на што треба да посветите внимание за да ја подобрите циркулацијата во нозете.
Слабата циркулација, е една од причините поради која многумина чувствуваат студ во нозете, па можете да ги затоплите со движење односно вежби.
Носете топли и комфорни обувки во кои нема да ви се мократ нозете. Во премногу тесни обувки нозете се стегнати, па циркулацијата е отежната. Доколку ви се потат нозете, често менувајте ги чорапите, бидејќи мокрите чорапи исто така ги ладат нозете.
Стопалата можете да ги затоплите и со разни купки ( на пример од рузмарин и смрека) како и со масажа.
За добра циркулација, исто така е потребно и да пиете доволно количество на вода, како и билни чаеви но без додаток на шеќери. Најдобро е течностите да се земаат рамномерно во текот на денот, бидејќи кога ќе осетите жед, организмот веќе ви кажува дека е дехидриран.
Правилната исхрана исто така игра важна улога. Јадете овошје и зеленчук, колку можете повеќе и не ги прескокнувајте оброците.
Заморот и недоволното спиење го забавуваат метаболизмот и со тоа се зголемува чувството за студ во телото.
Како една од причините за студени нозе секако е и стресот. Кога сме под стрес се зголемува лачењето на адреналин и се стеснуваат крвните садови, па поради забавената циркулација, се чувствува студ во нозете. Стресот го лади организмот и доведува до забрзано дишење. Токму затоа во тие моменти треба да се користат вежби за правилно дишење како и техники за опуштање.
Престанете да пушите и пазете што пиете. Кофеинот, никотинот и алкохолот го зголемуваат чувството на студ.
Народното мислење дека студените нозе ја најавуваат настинката е вистинито, па затоа одржувајте ги стопалата суви и затоплувајте ги.