Најмалку две лица загинаа во судир на товарен и патнички воз во јужниот дел на Германија, објавија локалните медиуми и германската железница.
Германската железница соопшти дека судирот се случил околу 21:20 по локално време на линијата помеѓу Инглоштат и Аугсбург, во Баварија.
Германската железница и весникот „Зидојче Цајтунг“ наведоа, повикувајќи се на полицијата, дека две лица загинале во судирот, додека неколку се повредени, објави Ројтерс.