недела, декември 22, 2024
домаЖивотЗдравјеСупер трик да се ослободите од зависноста од шеќер

Супер трик да се ослободите од зависноста од шеќер

Шеќерот како намирница е многу тешко да се избегне и создава голема зависност, но барем обидете се да се откажете најмалку 30 дена, а вашето тело ќе ви биде благодарно.

Држете се подалеку од производи со намалени количини на шеќер и маснотии

Само затоа што се малку подобра опција во однос на калориите не значи дека се здрави – тие се полни со разни вештачки адитиви кои негативно влијаат на вашето здравје.

Читајте декларации на производите

Избегнувајте го секој производ кој содржи повеќе од 5 грама шеќер во 100 грама.

Елиминирајте ги преработените јаглехидрати

Знаеме дека звучи досадно, но обидете се да избегнувате храна која содржи преработени јаглехидрати барем еден месец. Тука спаѓаат производи од бело брашно и производи со додаток на шеќер во каква било форма.

Конзумирајте пијалоци без шеќер

Пијте кафе, чај, какао и лимонада без шеќер. Исто така, не додавајте шеќер во житарици и млеко.

Не претерувајте со конзумирањето овошје

Иако е здраво, овошјето е полно со шеќер. Ако сакате да изгубите тежина, не јадете повеќе од две овошни порции дневно. Особено избегнувајте овошни салати кои содржат додатоци како шлаг.

Вклучете колку што е можно повеќе бои во вашата исхрана

Со разновидна исхрана ќе внесете различни витамини и минерали во организмот.

Пазете се од шеќер во соковите и газираните пијалаци

Ова е дефинитивно најлесниот начин да се изгуби тежина. Наместо тоа, исцедете овошен сок или едноставно сварете чај.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ