сабота, јули 27, 2024
домаКујнаСуперѕвездата од Мали Уму Сангаре за крај на ОФФест 2018

Суперѕвездата од Мали Уму Сангаре за крај на ОФФест 2018

Со концертот на Уму Сангаре, суперѕвездата од Мали, вечерва од 20.30 часот во Македонската опера и балет се затвора годинашното 17-то издание на Фестивалот на музика од светот ОФФест. Најголемата африканска пејачка и добитник на наградата Греми, е амбасадор на добра волја на Обединетите нации, добитник на Интернационалната музичка награда на УНЕСКО и “Artist Award winner” на WOMEX 2017. Сангаре е пејачка, композитор и посветен активист за правата на жените во родната Мали и низ цела Африка. Родена е во Бамако, Мали, започнувајќи ја својата музичка кариера на рана возраст пеејќи традиционални песни. Таа го сними својот спектакуларен прв албум “Moussolou” на дваесет-годишна возраст.

Гласот на Сангаре е радост за душата, возвишен со високите ноти и богатата рапавост. Нејзиниот придонес кон развојот и збогатувањето на музиката, интернационалната музичка соработка и каузата за мир и разбирање помеѓу сите раси и народи е огромен. Стилот на пеење на Сангаре е Васулу, и затоа е позната како „песнопојната птица на Васулу”, популарен музички жанр произлезен од народните традиции во руралниот југозападен дел од Мали. Токму тој стил ѝ донесе меѓународен успех и со него продолжува да ја доближува Васулу културата и традицијата до светската публика. Последниот албум “Mogoya”, од многумина прогласен за албум на 2017 година, претставува ново, возбудливо поглавје во нејзината кариера.

Билетите по цена од 1200 денари – галерија и 1500 денари – партер, се во продажба во Југотон Рекордс, МОБ, МКЦ и онлајн на www.mktickets.mk.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ