сабота, декември 21, 2024
домаЖивотЗдравјеСувите усни, брчките на челото и бојата на подочниците откриваат здравствени проблеми

Сувите усни, брчките на челото и бојата на подочниците откриваат здравствени проблеми

Состојбата на организмот се гледа на лицето, а црвените образи, големите подочници и испуканите усни може да бидат знак дека нешто не е во ред со некои од органите. Нутриционистката Фиона Так открива што претставуваат овие знаци и кога треба да одите на лекар.

Темните подочници може да бидат наследни, но тие можат да бидат знак за тоа дека не внесувате доволно течности, имате лоша исхрана, стресен начин на живот и недоволно спиење.

„Тие може да бидат знак дека вашето тело има акумулирано отрови и дека организмот треба да се исчисти. Задолжиелно внесувајте повеќе вода“,пишува Так во својата книга „Форензички нутриционист.“

Сино-црните подочници се показател за автоимуна болест. За разлика од нив, жолто-кафени подочници укажуваат дека вашиот црн дроб или жолчката не функционираат правилно.

„Сето ова може да биде поврзано со внесувањето на шеќер и масти, или може да биде резултат на долготрајна употреба на лекови. Луѓето кои јадат брза храна имаат жолто-кафеави кругови околу очите. Темно кафеави кругови под очите укажуваат на тоа дека имате нарушување на метаболизмот, а отечени подочници се знак дека имате проблем со висок притисок“, вели таа.

Се препорачува да јадете повеќе морков, цвекло, сок од целер, овошје и зеленчук богати со калиум, масло од ленено семе и лиснат зелен зеленчук.

Сувите испукани усни, освен за време на ладни зимски денови, може да значат дека ви недостига витамин Б, железо или цинк. Пијте повеќе вода, јадете ферментирана храна, мелено месо, цели житарки и мрсна риба.

Зацрвените образи или испукани капилари може да бидат знак дека имате проблем со астма, синуси или плитко дишење. Тие исто така може да бидат знак на екстремно хормонално пореметување. Конзумирајте повеќе витамин Ц и A и консумирајте семе од чиа, кокосово и рибино масло, ананас, јаболка, морков и кафе.

Акните на брадата укажуваат на хормонално пореметување или дека имате полицистични јајници. Јадете повеќе мрсна риба, семки од тиква, филтрирана вода, чиа семки, зеленчук богат со магнезиум, храна богата со влакна и зеленчук како брокула.

Збрчканото чело е последица на начинот на исхрана, бидејќи е поврзано со дигестивниот систем. Исто така, може да биде показател за нетолеранција кон одредена храна. Консумирајте филтрирана вода, храна богата со влакна и цели житарки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ