Свештеник посредува во преговорите за заминување на Мугабе

0
129

Католички свештеник посредува во преговорите со цел евентуално заминување од политиката на претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе, иако овој 90-годишник инсистира на тоа дека може да биде отстранет само со гласање за ново раководство на владејачката партија Зану-ПФ, објави Ројтерс, цитирајќи политички и разузнавачки извори.

Агенцијата наведува и дека опозицијата во Зимбабве објавила дека синоќа во Хараре се вратил лидерот на опозицијата Морган Цванграјрај, кој бил во странство за медицински третман поради рак, што ги зголеми шпекулациите за политичкиот поредок по заминувањето на Мугабе.

„Би-би-си“ вели дека армијата на Зимбабве сеуште ги држи во притвор на непозната локација на Мугабе и неговата сопруга Грејс, која сака да го наследи на функцијата, откако ноќта меѓувторникот и средата презеде контрола над земјата во акција за која тврди дека не била воен удар.