Младиот и надежен битолски поп пејач Божидар Николовски неодамна ја објави својата втора песна. Таа носи наслов „Свој“ и наиде на одлични коментари.
-Ова е моја втора авторска песна која што го носи насловот “Свој” како комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува Мими Марковски, но морам да признаам дека во пишувањето на текстот учевствував и јас. Првичната идеја да се направи автобиографска песна, со оваа песна сакав публиката подобро да се запознае со мене, но исто така и да дадам поддршка, утеха но и мотивација на сите оние кои започнуваат со своја кариера без разлика во која сфера е тоа, вели Божидар.
Спотот е сниман во Скопје и Охрид кои во исто време покрај Битола се неговите два омилени градови, зад видео продукцијата се потпишува Дејан Трајчевски.
-Навистина сум среќен и горд на целиот овај проект кој што наиде на навистина одлични реакции. Секојдневно од сите страни добивам огромна поддршка, и позитивни коментари и за мене што е до некаде најбитно е тоа дека сите кои што ја слушаат песната ја сваќаат пораката од самата песна но и се пронаоѓаат во истата. Навистина сум среќен поради тоa, вели Божидар.