сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЖивотна срединаСЗО: Поради загадениот воздух, годишно умираат осум милиони луѓе

СЗО: Поради загадениот воздух, годишно умираат осум милиони луѓе

Светската здравствена организација (СЗО) смета дека околу осум милиони луѓе годишно умираат поради различно загадување на воздухот, а повеќето здравствени проблеми погаѓаат луѓе во Африка и Азија.

Амбиенталното загадување на воздухот е причина за смртта на 4,2 милиони луѓе во 2016 година, а загадувањето на воздухот во домовите предизвикано од готвење и штетни горива и технологии, е одговорно за околу 3,8 милиони смртни случаи во истата година, наведува СЗО.

Повеќето од смртните случаи се евидентирани во земјите со низок и среден приход во Азија и Африка, како и во земјите со низок и среден приход во регионот на источниот Медитеран, Европа и Јужна и Северна Америка.

Како што се наведува во соопштението на СЗО, повеќе од 40 проценти од светското население, или околу 3,8 милијарди луѓе, немаат пристап до гориво за готвење со чисто согорување. Во текот на последните 10 години, СЗО утврди дека повеќе од 90 отсто од населението во светот дише загаден воздух, дека во изминатите шест години не е забележан значителен раст на загадувачки материи во воздухот, но дека останува на високо ниво.

Во некои делови на Америка и во Европа, постои опаѓање на концентрацијата на загадувачите на воздухот. Највисоко ниво на загадување на воздухот е забележано во регионот на Источен Медитеран и Југоисточна Азија, каде се измерени нивоа пет пати поголеми од границата пропишана од СЗО. Во Африка, како и во некои делови од западниот Пацифик, недостасуваат податоци за загадувањето на воздухот, додека во Европа има најголем број на места со податоци за состојбата на воздухот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ