сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотТанцот на хормоните

Танцот на хормоните

Нивното движење ги диригира физиолошките промени во телото, така што, можеме без проблем да ја прифатиме бременоста и да ја износиме сите девет месеци.

Недостаток на концентрација, преголема сонливост и опуштеност, отоци во рацете и нозете, појаба на пеги по лицето, брза смена на расположението, зголемен апетит…Овие состојби се познати за почетокот на секоја бременост. „Виновникот“ за тоа се хормоните и брзата нивна промена, но без слични промени идната мајка нема да може добро да го износи своето бебе.

Чекор 1: Хормонот, наречен човечки хорион гонадотропин, најчесто се сречава како ЦХГ, може да биде откриен во телот на жената уште во 11 ден откако ќе остане бремена. Овој хормон го ларамира ендокриниот систем, кој е тука за сложеното регулирање на виталните процеси и функции во организмот, со посредтсво на секрецијата на материите – хормоните.

Чуството на гадење кај 2/3 од жените кои се бремени се должи токму на огромните количества на овој хормон ( концентрацијата на полчетокот на бременоста се дуплира секој втор –трет ден) и му сигнализира на телото дека нешто се вселило во нејзиниот организам. Дури кон крајот на првото тромесечие настанува привикнување на организмот кон „новото тело“, па гадењето почнува д асе намалува, а кое што е последица на намалувањето на нивото на ЦХГ.

Image result for hormones

Чекор 2: Нивото на пролактин – ова  еклучен хормон во текот на бременоста, кој што с епокачува и на тој начин ја оневозможува овулацијата. Пролактинот  е одговорен и за лактацијата, што пак е поврзано со зголемување на градите и необичното чувство.

Чекор 3: Количеството на прогестерон исто така се зголемува, со цел да с еопушти мускулатурата на матката и де се потисне реакцијата на отфрлување на ембрионот. Тоа исто така се одразува и на психата на жената, како и на нејзината енергија, трудницата се чуствува многу позаморена во првит етри месеци од бременоста. Зажал промените на нивото на овој хормонисто така има проширување ма крвните садови, кои можат да предизвикаат отоци на нозете, проблеми со непцата и појава на парадентоза, хемороиди, паѓање на крвниот притисок…

Image result for hormones

Чекор 4: Во текот на бременоста јајниците одделуваат поголемо количество на естрогени, исполнувајќи доста задачи во текот на девтте месеци на исчекување. Овој хормон, на пример, ги обезбедува оптималните услови за вгнездувањето на јајце клетката, а подоцна се грижи и за растот и доброто снабдување со крв на матката. Овој хормон има своја улога и во растењето на млечните жлезди. Нејзиното високо ниво во организмот придонесува за убавиот изглед на идната мајка.

Чекор 5: За време на бременоста ендорфините исто така го покачуваат нивото. Овој хормон и помага на идната мајка да се чувствува весела, мирна и уверена. По породувањето, нивото на овој хормон постепено опаѓа, што е причина за појавата на постпородилната депресија.

Чекор 6: Во текот на бременоста драматично се менува нивото на релаксинот во однос н нормалната концентрација. Овој хормон помага да отпуштат врвките во кралицата и бебето да помине низ каналот за раѓање. Од друга страна разлабавените врски на зглобовите кријат опасност од лесни повреди и ги зголемуваат болките во крстот.

Чекор 7: Во текот на бременоста дури и мало појавување на сонце придонесува за појава на дамки по лицето и телото. Причината за тоа е во повисокото ниво на хормонот кој го стимулира производството на меланин. На тој начин организмот создава дополнителна заштита на кожата од силното дејство на сонцето. Доколку, се случи, жената во текот на бременоста да добие хлоазма (попознато уште како „маска на бременоста“) таа може да се зголеми при излегување на сонцето или во солариум.

Image result for hormones

Чекор 8: Кај идните мајки често се менува и балансот на инсулин и тоа може да доведе до прекумерно наддавање на килограми и зголемување на апетитот кон слатко. Затоа, континуирано треба д асе следи нивото на инсулин во текот на бременоста.

Чекор 9: Како се приближува денот на породувањето, така забрзано расте окситоцинот. Овој хормон  учествува при породувањето и доењето на новороденчето. При породувањето, окситоцинот предизвикува контракција на мазната мускулатура на матката, со што го потпомага породувањето, додека во периодот на лактација предизвикува контракција на каналите од млечните жлезди, со што се овозможува лесна секреција на млекото.

Чекор 10: Хормоните се враќаат на нормалното ниво во зависност од тоа колку долго мајката го дои детето и какви се генетските предиспозиции на секоја жена посебно. Кај повеќето, штотуку породени мајки, во првите 40 дена хормоните започнуваат да се враќаат на нивото од пред бременоста.

Важно е да знаете:

  • Природната чувствителност на секоја жена кон определено количество на хормон е апсолутни индивидуално.
  • Хормоналниот дебаланс на организмот за време на бременоста може да открие генетски проблеми како што се диабетот, хипертензија…

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ