Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција ги отфрли шпекулациите за потенцијална експлозија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, истакнувајќи дека пронајдениот резервоар за нафта бил празен и дека нема поврзаност меѓу сопственикот на резервоарот и управата на дискотеката.
Тошковски информираше дека сите жртви од пожарот се идентификувани и обдукциите се завршени. Во моментов, 93 повредени се лекуваат во скопските болници, додека 80 пациенти се испратени на лекување во странство поради сериозноста на нивните повреди.
Во рамките на истрагата, приведени се 18 лица, од кои 16 се задржани. Последното задржано лице е потписникот на основниот проект за издавање дозвола за работа на дискотеката како кабаре клуб. За обезбедување независна истрага, министерот донесе одлука за разрешување на раководни полициски лица во Кочани и нивно заменување со лица од Скопје.
Истрагата продолжува со максимална сериозност, со цел целосно расчистување на случајот и санкционирање на сите одговорни за трагичниот настан.
Н.Д.

