четврток, декември 26, 2024
домаКујнаТрадиционална посета и положување свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки

Традиционална посета и положување свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки

Со посета и положување свежо свеќе на гробот на Милтон Манаки на Влашките гробишта во Битола продолжи традицијата со која ИФФК „Браќа Манаки“ и присутните фестивалски гости им оддаваат почит на првите сниматели на Балканот – браќата Манаки. Годинава на традиционалниот чин присуствуваа и положија цвеќе претставници на градоначалничката на Општина Битола, Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, и претставници на влашката заедница во Битола, додека во име на фестивалот пригодна реч одржа директорката на 39. ИФФК „Браќа Манаки“.

„Благодариме за грижата со која се однесувате кон овој споменик на културата“, рече Гена Теодосиевска обраќајќи се кон претставниците на влашката заедница, и додаде: „бидејќи мислам дека браќата Манаки имале некакво претчувство дека нивната активност еден ден ќе има некаква вредност, дека некои идни генерации ќе ја земат предвид и ќе знаат да ја почитуваат. Тоа се случува денеска, со нашата посета на нивното вечно почивалиште“, рече Теодосиевска.

Пригодна реч одржа и Најџел Волтерс, кој веќе 12 години доаѓа во Битола и е вистински пријател и партнер на фестивалот „Браќа Манаки“:

-Во името на фестивалот голема чест и привилегија е да се биде тука и да се чествува животот и делото на двајцата браќа, кои направиле толку многу за раната кинематографија, за историјата на Балканот и за интернационалните кинематографери, кои секоја година доаѓаат во Битола на овој фантастичен фестивал што сите ние го сакаме, рече Волтерс.

Домаќин на настанот беше Стефан Хаџи-Андоновски од влашката заедница во Битола, кој рече дека вечно ќе го слават делото на браќата Манаки, а планираат и акција за враќање на моштите на Јанаки Манаки во Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ