среда, декември 25, 2024
домаКујнаТрговскиот конфликт меѓу САД и Кина се засилува

Трговскиот конфликт меѓу САД и Кина се засилува

Трговскиот конфликт меѓу САД и Кина се засилува. Белата куќа објави воведување на нови царини за стоки увезени од Кина во вредност од околу 200 милијарди долари. Тарифите од 10% на увозот од Кина ќе стапат во сила на 24 септември, а во јануари следната година ќе се зголемат на стапка од 25%.

Во соопштението објавено од Белата куќа, официјален Вашингтон ја предупреди Кина дека евентуалниот противудар од Пекинг – дополнителни царински давачки за американските земјоделци и други производители, ќе се казни со воведување на царини за кинеските стоки во вредност од околу 267 милијарди долари.

Администрацијата на Доналд Трамп претходно воведе царини за кинеските производи во вредност од 50 милијарди долари за да ја натера Кина да ја промени својата трговска политика.

Министерствата на двете најголеми светски економии оваа недела во Вашингтон треба да продолжат со трговските преговори. Но, прашањето е дали кинеските преговарачи ќе дојдат во нова рунда разговори по објавувањето на дополнителни царини од Белата куќа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ