понеделник, мај 20, 2024
домаКујнаТриумф за „Исцелител“ во Солун

Триумф за „Исцелител“ во Солун

Филмот на Ѓорче Ставрески ја освои Наградата на публиката во силна конкуренција во програмата „Балкански преглед“.

Македонскиот филм „Исцелител“ (Тајната состојка“) на Ѓорче Ставрески ја доби единствената награда која се доделува во програмата „Балкански преглед“, Наградата на публиката. Сосем заслужено и некако очекувано, бидејќи таква беше атмосферата околу филмот уште од првото негово прикажување. Како што изјави и самиот Ставрески, публиката, а и фестивалот беа вистински фанови на овој филм. На премиерата аплаузот беше долг, како и разговорот после тоа, публиката не си одеше и за филмот многу се зборуваше. Двете проекции беа уште веднаш распродадени, а и што е најинтересно и не е вообичаено, нашиот филм имаше две проекции и тоа во ударни термини во киносалата „Ставрос Торнес“, резервирана за Балканската програма.

Веќе пишувавме дека тоа е филм со кој може да се гордее македонската кинематографија, едноставен, силен, искрен, направен со многу љубов и тоа се чувствува. Но, Ѓорче Ставрески иако ова е негово деби, го води многу ефектно, филмот е добро режиран, има одлична атмосфера и успева на одличен начин и точно дозирано, да го постигне оној развој и кулминација што комедијата како жанр и го бара. Така филмот очигледно го доживеа и публиката, а и во каталогот филмот беше опишан како искрена слатко-горчлива црна комедија.

„Исцелител“ беше прикажан во навистина силна конкуренција, меѓу филмови кои веќе имаа освоено „Сребрена мечка“, „Златен леопард“, награди на критика или прогласени за нови таленти. Но, филмот на Ставрески, кој беше и единствена комедија меѓу десетте долгометражни филмови во оваа програма, се наметна и со својата остроумност и длабочина, иако сето тоа го прави многу питко и забавно. Во Солун беше и голем дел од екипата, но со оглед на тоа што е дебитантски, беше многу симпатично и позитивно што сакаа свој начин гламурозно да ја одбележат неговата светска премиера. За среќа, така и се заврши, со триумф на филмот на доделувањето на наградите, за првпат за македонски филм, и со потврда за режисерот и сценарист на филмот, Ѓорче Ставрески, како и за целата екипа. Македонската публика ќе го види филмот на 19 ноември во киното „Милениум“ на затворањето на „Синедејс“. Браво дечки!

„ЗЛАТЕН АЛЕКСАНДАР“ ЗА „ГАВРАНИ“

Svedskiot film GavraniГлавната награда на фестивалот „Златниот Александар“, која носи и 8.000 евра, ја освои шведскиот филм „Гаврани“ на Јенс Асур. Инаку, Асур е познат фотограф во Шведска, кој успева оваа драма за семејното наследство што се пренесува на генерации, да ја наслика извонредно сугестивно и драматично. „Гаврани“ е приказна за судирот меѓу таткото и синот, една „приповетка за семејниот товар и моќта на неизбежното“. На овој филм односно на главниот актер Рене Бринолфсон му припадна и наградата за најдобра машка улога.

Filmot Bez datum bez potpisЖирито, кое го предводеше палестинската режисерка Анемари Јасир, „Сребрениот Александар“ односно Специјалната награда на жирито му ја даде на иранскиот филм „Без датум, без потпис“ на Вахид Јалилванд. Станува збор за еден типичен ирански филм, со извонредна студија на карактери, кој се претвора во своевиден трилер каде што е можно самиот доктор да е вмешан во смртта на едно младо момче. Тоа е филм полн со морални дилеми и себеиспитувања, кој ја доби и наградата на критиката „Фипресци“.

Додека, „Бронзениот Александар“ го однесе данскиот филм „Зимски браќа“ на исландскиот режисер Хилнур Палмасон, уште една неверојатна, сугестивна психолошка приказна. Во неа авторот се фокусира на судирот на двајца браќа, но прикажувајќи го тоа визуелно, низ нивниот внатрешен свет, вознемирувачки, силно, болно и неизвесно. Палмасон веќе освои награда за млади таленти поради еден многу смел и сосем поинаков визуелен јазик, што во Солун му ја донесе и наградата за звук, а го освои и Специјалното признание на жирито на критиката.

Наградата за најдобра женска улога сосем заслужено и припадна на Дарија Зовнер за нејзината маестрална улога во рускиот филм „Теснота“ на Кантемир Балагов, на кого му припадна и Наградата за човекови права. Специјално признание му беше доделено постхумно на Хари Дин Стентон за документарецот посветен на неговите улоги „Лаки“ во режија на Џон Керол Линч, кој ја доби и Наградата на публиката во главната програма. Додека, Наградата на публиката во програмата „Отворени хоризонти“ ја освои „Беше еднаш во Сирија“, за кој пишувавме многу по неговата премиера на Берлинскиот фестивал.

ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ                              
На 58. издание на Солунскиот филмски фестивал беа воведени дури шест нови програми, но фокусот беше на „Виртуелната реалност“ како едно сосем ново искуство, нагласувајќи дека станува збор за нешто многу повеќе од технолошка иновација. Во програмата VR, која се Filmot Bez krvодржува првпат во Грција и на Балканот, беа селектирани десет филма, меѓу кои и „Човекот делфин“, кои се бореа за парична награда од 3.000 евра која ја додели Филмскиот центар на Србија. Наградата и припадна на Џина Ким за филмот „Без крв“ од Јужна Кореја.

Уште една програма беше исклучително значајна за Балканот, а тоа е специјалната посвета која фестивалот ја направи на литературата и делата по кои се снимани филмови на овие простори. Под наслов: „Од зборови до слики: Балканската литература и филм“ беа прикажани 11 филма и одбрани некои од најзначајните романи на Балканот, меѓу кои беа авторите: Исмаил Кадаре, Душко Ковачевиќ, Орхан Памук, Антоние Исаковиќ и други. Солунскиот фестивал годинава понуди 20 програми и 250 филма од целиот свет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ