сабота, јули 27, 2024
домаКујнаТројца мртви во престрелка во Малме

Тројца мртви во престрелка во Малме

Три од шесте лица повредени во престрелка од возило во движење во центарот на Малме, трет по големина град во Шведска, починале, објавија денес шведските власти. Во престрелката што се случи синоќа уште три лица беа ранети, едно сериозно, соопшти здравствената служба на регионот Скане во јужна Шведска, пренесе АП.

Според сведоци, на луѓето е отворен оган додека го напуштале интернет кафето во југоисточниот кварт на Малме, во понеделникот вечерта. Полицијата соопшти дека биле истрелани десетици куршуми и дека се трага по црно возило. Засега никој не е уапсен, а најавена е прес-конференцијата во текот на денот.

Очевидци изјавија за весникот „Aftonbladet“ дека околу 18:15 часот во центарот на градот слушнале нешто што звучело како 15 до 20 истрели. Весникот пишува дека престрелката се случила недалеку од полициската станица, па полицајците веднаш дошле до местото на несреќата, објави АП.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ