сабота, јули 27, 2024
домаЖивотТруење во домот

Труење во домот

Должност на родителите е да ја обезбедат сигурноста на своите деца. Меѓу другото, тоа подразбира дом во кој отровните материи се подалеку од дофатот на децата.

Како може да се отруе моето дете?
Труење може да настане со многу супстанци. Труење настанува ако токсични супстанци се проголтаат, инхалираат или ако се дојде во директен контакт со нив (преку кожа , преку око). И нетоксични супстаници, ако се земат во поголема количина, може понекогаш да предизвикаат труење.

Кои се најчестите труења кај децата?
Меѓу најчестите труења во нашата средина се:

  • труење со алкохол и труења со различни медикаменти, како аспирин, различни антибиотици, витамини, лекови за контрацепција, диетални лекови и суплементи
  • Различни препарати кои обично се чуваат во бањата, исто така може да се опасни, како спрејови, парфеми, колоњска вода, лак за коса и средства за чистење на устата
  • Труење може да предизвикаат и различни препарати кои се користат за чистење на куќата: детерџенти, средства за белење, средства за полирање, разредувач и препарати кои содржат бази и киселини ( на пример солна киселина, средство за чистење на ВЦ шољите и др.), како и препарати кои се користат за куќните миленичиња
  • Некои препорати кои обично се чуваат во гаражите или подрумите, можат исто така да бидат потенцијално опасни. Тука спаѓаат разни инсектициди керозин, терпентин, бои, лепаци и антифриз
  • Средства кои се користат во одржување на градината : различни ѓубрива и прихранувачи, пестициди, хербициди
  • Треба да се внимава, децата да не ставаат во уста различни листови или плодови од растенија со кои ја украсувате градината, кои може да се токсични. Пред да се употреби пестицид или ѓубриво, отстранете ги играчките на детето од дворот. Детето може да се врати во дворот дури откако отровот на тревата ќе се осуши.

Кога да се започне со мерките на превенција од труење?
Никогаш не е доволно рано родителите да започнат да делуваат во овој правец. Дури и кога детето е многу мало, во периодот на доенчето, присутни се реални опасности и потребно е да се идентифицираат потенцијално опасните места, каде може да се наоѓаат отровни супстанци. Обично тоа се неколку места, како кујната, бањата, шпајзот, гаражата или подрумот, каде обично се чуваат различни, потенцијално опасни препарати. Родителите треба да размислат дали евентуално постои и некое друго место во домот, кое го пропуштиле. Треба да се знае дека во потенцијално опасни супстанци се вбројуваат и некои, на изглед потполно невини препарати, како што се колоњската вода или други козметички препарати.

truenje domaКои мерки за превенција треба да се превземат?

  • Првиот чекор треба да биде елиминација на сите хемикалии без кои се може. Она што ќе преостане, треба да се тргне на страна и да се заклучи во посебен шкаф, а клучот да се остави на место вон дофатот на децата. Посебно внимание треба да се обрне на тоа, како се чуваат медикаментите во домашната аптека.
  • Важно е, и медикаментите и хемикалиите да се чуваат во нивните оригинални пакувања, што во случај на потреба ( на пример ако детето голтне од нив) овозможува брза идентификација на отровот. Не ретко се случува, децата да голтнат различни хемиски средства мислејќи дека се работи за пијалок, затоа што биле чувани во слични шишиња.
  • За такви ситуации треба да се чува сируп од ипекакуана-средство со кое се предизвикува повраќање и на тој начин се помага побрзо да се исфрли отровот. Сепак, не треба да се употребува без консултација на лекарот/службата за прва помош. Треба да се процени дали повраќањето нема да предизвика повеќе штета, отколку корист. Така на пример, ако супстанцата која била голтната е раствор на киселина или база, повраќањето може да предизвика изгореница на грлото. Ако се работи за мастен раствор, при повраќањето може дел од повратените маси да се вдишат во белите дробови и тоа да предизвика воспаление, кое понатаму е тешко за лекување. Во ситуации кога е потенцијално опасно да се предизвикува повраќање, се користат други методи, како што е испирање на стомакот.

Што да направам ако мислам дека моето дете се отруло?

  • Ако вашето дете повраќа , ако е поспано, ако има супстанца истурена на алиштата или околу устата, ако има изгореници на кожата или чуден мирис при дишењето – можеби се работи за труење. Праксата покажува дека решавачка улога на повеќето труења е навремената промивка на стомакот. Ако детето не е во бесознание и ако е способно да пие му се дава големо количество малку засолена вода или вода со растоврен медицински јаглен во неа. Потоа, може да се предизвика повраќање, така што ќе се надразни со ставање на прсти во грлото на детето. Ако труењето настанало преку кожата ( на пример било мачкано со ракија или со етиол), детето треба веднаш да се искапе со топла вода и сапун.
  • Во меѓувреме-телефонирајте на домашниот лекар или на екипата на брза помош или директно на токсиколошкото одделение при Клиниката за детски болести. Пригответе се да дадете информации од налепницата на препаратот за кој се сомневате и информации за вашето дете. Ако одите на доктор задолжително земете го со вас препаратот/лекот, за кој се сомневате дека предизвикал труење.

Телефонскиот број на итната медицинска помош/ вашиот педијатар/најблиската хоспитална установа/ локален центар за труења ако таков постои, треба да се постави на видливо место

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ