Во последните две години, бројот на туристички ноќевања во земјите на Европската Унија значително порасна. Најголем раст е забележан во Луксембург, Малта и Летонија, додека Франција и Белгија забележаа благ пад.
Според податоците на Евростат, во текот на 2024 година, во туристичките сместувачки капацитети низ ЕУ се остварени вкупно 2,99 милијарди ноќевања, што претставува зголемување од 53,4 милиони ноќевања или 2% во однос на претходната година.
Растот главно се должи на зголемувањето на бројот на ноќевања од странски туристи, додека ноќевањата на домашните гости благо опаднаа.
Хотелите остануваат најпопуларен вид на сместување, со 1,9 милијарди ноќевања, што претставува 63% од вкупниот број. Апартманите за одмор и приватните сместувања за краткорочен престој забележаа 711 милиони ноќевања (24%), додека камповите остварија 396 милиони ноќевања, што е 13% од вкупниот број.
Споредувајќи ги 2023 и 2024 година, повеќето земји од ЕУ бележат раст на туристичките ноќевања. Најголемо зголемување е забележано во Луксембург (22%), Малта (13%) и Литванија (7%). Од друга страна, Франција и Белгија забележаа благ пад, додека податоците за Шведска, Финска и Италија останаа стабилни.
Ф.С.