петок, декември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаУбиена афро-бразилската политичка активистка Мариел Франко

Убиена афро-бразилската политичка активистка Мариел Франко

„Активистичката заедница во Бразил жали за смртта на афро-бразилската политичка активистка Мариел Франко (Marielle Franco), која беше усмртена од истрели врз нејзиниот автомобил додека возела“ – се вели во соопштението на оваа организација.

Франко, која израснала во Maré favela, беше градски советник во Рио од екстремната левичарска партија „Социјализам и слобода“ и отворен критичар на полициското насилство и милитаризација, која ги тероризирала сиромашните населби во Рио. Истовремено беше истакнат член на меѓународната организација „Светски марш на жената“ и гласен активист за женските права и социјалната правда.

Убиството се случило кога таа се враќала од настан за поттикнување и зајакнувањето на црните жени во општеството, кога од друг автомобил било стрелано врз нејзиниот и од деветте куршуми кои завршиле во возилото загинале Мариел Франко и нејзиниот возач, Андерсон Педро Гомес, а тешко е повреден нејзиниот секретар за печат.

Во февруари, бразилскиот претседател Мишел Темер ја распореди војската во државата Рио и нејзините фавели, ефикасно уништувајќи ги локалните заедници меѓу бруталноста што ја санкционира државата и локалните банди. Претходно оваа недела Франко твитна за убиството на еден млад човек во соседната фавела, за чија смрт семејството ја обвини милитаризираната полиција. Таа напиша:

„Уште едно убиство на еден млад човек кое оди на сметка на премиерот. Матеус Мело го убивте излегувајќи од црквата. Уште колку треба да умрат за да заврши оваа војна?“

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ