недела, ноември 24, 2024
домаЖивотСоцијална политикаУКИМ во нов проект за зајакнување на иновациите и претприемништвото, финансиран од...

УКИМ во нов проект за зајакнување на иновациите и претприемништвото, финансиран од Европскиот институт за иновации и технологија

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, УКИМ, е дел од проектот ПРОМЕТЕЈ чија примарна цел е развој и поддршка на иновации и претприемништво помеѓу пет високообразовни институции (ВОИ), два истражувачки центри и едно претпријатие во областа на дигитална трансформација, поврзана со циркуларна економија, климатски промени и одржлив развој.

Проектот се стреми кон поттикнување на институционален ангажман и промени за развој на иновативни и одржливи услуги. Целите на проектот се развој на партнерства меѓу високообразовни институции, истражувачки организации и бизнис институции; развој на висококвалитетни образовни програми од областа на иновации и претприемништво во циркуларна економија, како и развој на алатки и услуги за поддршка на иновациите и претприемништвото.

Проектот е финансиран од ЕИТ иницијатива за ВОИ: Градење на капацитети за иновации во високото образование. Оваа нова иницијатива на Европскиот институт за иновации и технологија се стреми да ги зајакне капацитетите за иновации и претприемништво во високообразовните институции (ВОИ).

Во рамки на проектот, УКИМ соработува со реномирани партнери од проектниот конзорциум. Во конзорициумот се Егејски универзитет – истражувачка единица, ГРЦИЈA, кои се водечки партнер, Универзитет во Твенте, Холандија, Универзитет ,,Ла САПИЕНЦА” од Рим, Италија, Универзитет во Патра, Грција, Националниот институт за истражување и развој на биоресурси за храна, Романија, Европска регионална рамка за соработка, Грција и Компанијата Crowdpolicy од Грција.

Преку ЕИТ иницијативата за ВОИ, ПРОМЕТЕЈ е помеѓу 20 проекти финансирани од програмата Horizon Europe, чија реализација ќе се одвива во две фази, развојна и имплементирачка фаза.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ