среда, јануари 15, 2025
домаНасловнаУште еден рекорд на Ѓоковиќ-број на одиграни натпревари на Гранд слем турнири

Уште еден рекорд на Ѓоковиќ-број на одиграни натпревари на Гранд слем турнири

Новак Ѓоковиќ изјави дека му е драго што го соборил рекордот на Роџер Федерер по бројот на одиграни натпревари на Гренд слем турнирите. Српскиот тенисер се пласираше во третото коло на Австралија Опен, победувајќи го Португалецот Жаиме Фарија со 6:1, 6:7 (4:7), 6:3, 6:2. Со овој натпревар, Ѓоковиќ го одигра својот 430-ти меч на Гренд слем турнирите, надминувајќи го Федерер, кој има 429.

„Го обожавам овој спорт и натпреварувањето. Се обидувам да го дадам максимумот; 20 години се натпреварувам на највисоко ниво. Без разлика дали губам или победувам, го давам целото свое срце. Рекордите ме мотивираат. Како мал гледав финале на Вимблдон, имав 4-5 години… Тоа ми беше мотив. Гренд слемовите се највисокото ниво во нашиот спорт и ми е драго што денес соборив уште еден рекорд“, изјави Ѓоковиќ по натпреварот.

Тој се осврна и на мечот со Фарија: „Вчера Медведев играше пет сета и ќе ги искористам неговите зборови: ‘Ако младите играат вака, ќе имаат пари, жени, ќе можат да трошат во казина и каде и да посакаат’. Кон крајот на вториот и почетокот на третиот сет морав да одговорам на бурата на теренот. Тој е силен и млад, пред него е светла иднина.“

Во третото коло на турнирот во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе игра против Чехот Томаш Махач.

Ф.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ