петок, јануари 10, 2025
домаНасловнаУзбуна во Европа поради исчезнат камион со експлозив

Узбуна во Европа поради исчезнат камион со експлозив

Антитеррористичката полиција ширум Европа беше предупредена дека исчезна  камион со 34.000 литри хемикалии што се користат за производство на бомби. Камионот бил украден во Белгија и се стравува дека материјалот може да се употреби за правење експлозив, објави британски “Сан”.
Според уште непотврдени извештаи, крадците ги смениле регистарските таблички за да може полесно да ја напуштат Белгија. Во камионот е транспортирана материја позната како “радијацид“, што е вообичаено име за производите на компанијата „Олеон“, со седиште во Белгија.
Интерпол ги извести антитерористичките полициски единици ширум Европа откако возилото беше украдено од белгискиот град Зегелдем во саботата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ