Автобус полн со патници слета од мост во канал во централна Индија, при што загинаа 40 лица.
Во автобусот предвиден за 34 лица имало повеќе од 46 лица, пренесува АП.
Спасувачките екипи пронајдоа 40 тела и трагаат по други патници.
Полицијата соопшти дека повеќе од 110.000 луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи во Индија.
Повеќето несреќи се предизвикани од неприлагодено возење, лошо одржувани патишта и стари возила. А.Н.