Вакцинацијата против ковид-19 во Европската унија ќе започне на 27, 28 и 29 декември, соопшти денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Заедно ги штитиме нашите граѓани. Заедно сме посилни “, напиша претседателот на Европската комисија на Твитер.
Неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Франција и Италија, претходно рекоа дека ќе го координираат почетокот на нивните кампањи за вакцинација против коронавирусот.
Германскиот министер за здравство Јенс Спан порано денес изјави дека сите земји-членки на ЕУ планираат да започнат вакцинација против коронавирусот на 27 декември.
Европската агенција за лекови (ЕМА) најави дека ќе донесе одлука за вакцината „Фајзер-Бионтек“ на 21 декември, една недела пред рокот. Комисијата прецизираше дека потоа ќе ја одобри нејзината употреба во рок од два дена. А.Н.