понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотЗдравјеВакцината „Спутник V“ е ефикасна 91,6 проценти

Вакцината „Спутник V“ е ефикасна 91,6 проценти

Прелиминарните руски наоди засновани на анализа на податоци на повеќе од 20.000 учесници укажуваат на тоа дека вакцината „Спутник V“ е 91,6 проценти ефикасна против симптоматски Ковид-19.

Прелиминарните резултати се базираат на анализа на податоци од повеќе од 20.000 луѓе, од кои три четвртини примиле вакцина. Останатите една четвртина добиле плацебо.

Нема сериозни несакани ефекти поврзани со вакцинирањето со „Спутник V“, а луѓето кои пријавиле пречки имале благи симптоми слични на грип, болка на местото на инјектирање, слабост или омалаксаност.

Руската вакцина се дава во две дози со разлика од 21 ден. Во текот на 21 ден по првата доза, 16 од 14.964 лица се заразиле со ковид (0,1%), а се разболеле 62 од 4,902 кои примиле плацебо (1,3%).

Во истражувањето учествувале и 2.144 лица постари од 60 години, а вакцината покажала ефикасност од 91,8 проценти, пишува „Гардијан“.

Оваа анализа вклучува само симптоматски случаи на Ковид-19, предупредуваат научниците, истакнувајќи дека се потребни дополнителни истражувања за да се разберат ефектите на вакцината врз асимптоматскиот Ковид-19. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ