Поетската книга „Молецот и далечната Месечина“ од младиот автор Вања Таневски ќе биде промовирана на 6 февруари во 18.30 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“.
Промотори на книгата се професор Васил Тоциновски и писателот Златко Гелески.
Инаку ова е втора поетска книга на Таневски, додека првата збирка поезија со наслов „Крунисување на тажната смеа“ ја издава во 2010 година.
Тој е дипломиран професор по македонски јазик и литература.