понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаВаучерите за туризам и домашната платежна картичка стасуваат оваа недела

Ваучерите за туризам и домашната платежна картичка стасуваат оваа недела

Министерството за економија, почнувајчи од средината на неделава ќе почне со дистрибуција на ваучерите за туризам. Ваучерите ќе бидат во износ од 6.000 денари се однесуваат за одмор во домашните категоризирани објекти.

Преку платформата domasiedoma.gov.mk или pushimenevend.gov.mk, кои најверојатно ќе бидат во функција кога ќе почнат да се доставуваат и ваучерите, Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите кој ќе содржат QR код по електронска пошта на граѓаните. Ваучерите ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година,.

Владата вечерва испрато соопштени во кое се вели дека листите на корисници кои ќе добијат домашна платежна картичка „Купувам домашно“ и ваучери за домашен туризам ќе бидат објавени во текот на следнава недела.

Наводните бројки и квоти кои од попладнево се пласираат преку одредени портали и преку социјалните мрежи не се точни, ниту пак можат да се пресметуваат на начинот на којшто се презентирани.

Ваквите неточни податоци се тенденциозни, манипулативни и имаат цел да ги дезинформираат населението.

Граѓаните кои ќе ги добијат домашните платежни картички, како и ваучерите се граѓани на кои им е потребна помош за да ја пребродат кризата, како невработени лица, приматели на социјална помош и граѓани кои се со ниски месечни примања, соопштуваат од Влада.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ