четврток, јануари 2, 2025
домаНасловнаВелика Британија веројатно ја отстранува Хрватска од списокот на безбедни земји

Велика Британија веројатно ја отстранува Хрватска од списокот на безбедни земји

Хрватска денеска би можела да биде отстранета од списокот на безбедни коридори за патување од Велика Британија, откако беа потврдени првите увезени случаи на коронавирус поврзани со престојот во Хрватска, пренесува Хина, повикувајќи се на „Гардијан“.

Според весникот, британската влада веројатно ќе ја отстрани Хрватска од списокот на безбедни земји, како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус.

Ако тоа се случи, секој што ќе влезе во Велика Британија од Хрватска ќе мора да оди во 14-дневен карантин. Одлуката може да влијае на илјадници британски туристи кои моментно престојуваат во Хрватска.

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс се сретна со другите министри во средата попладне за да разговараат за следните потези, а официјалното соопштение би можело да биде објавено денес.

На „Гардијан“ му било кажано дека официјални лица од владиниот заеднички центар за биосигурност идентификувале одредени случаи на коронавирус што биле увезени во Велика Британија од Хрватска.

Не е познато колку случаи се потврдени, или каде, но утврвдено е дека бројот на увезени случаи од Хрватска бил на слично ниво како и бројот на потврдени случаи увезени од Шпанија, пред таа земја да биде извадена од списокот на безбедни во рок од само неколку часа, што е им предизвика големи проблеми на многу туристи.

Кога Франција и неколку други земји неодамна беа отстранети од списокот, владата сепак дозволи 30-часовен рок за прилагодување, така што се верува, рече весникот, дека така ќе биде и со Хрватска. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ