петок, декември 20, 2024
домаТехнологијаКомпјутери"Вибер" воведува групни видео повици за состаноци до 20 лица

“Вибер” воведува групни видео повици за состаноци до 20 лица

Апликацијата за бесплатна комуникација “Ракутен Вибер” објави дека наскоро ќе овозможи опција за видео повици за групи до 20 лица со неограничено траење, објавено е денес од оваа јапонска компанија.

Со опцијата за групни видео повици на “Вибер”, корисниците имаат можност за споделување, како и за видео-емитување, и за мобилни и за десктоп верзии.

Со цел корисниците да започнат групни видео повици, сè што треба да сторат е да кликнат на новото копче „видео“, кое е додадено на горниот дел од екранот, или да додадат нови учесници во веќе воспоставениот видео повик.

Корисниците исто така можат да изберат кој од сите учесници во повикот ќе го стават на горниот дел од екранот, а можат да го исклучат и нивниот микрофон или да ја оневозможат камерата за време на повик, како и да видат кој од другите учесници го исклучил својот микрофон и видео. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ