Дваесеттото издание на консултантската компанија Mercer која ги споделува податоците за квалитетот на живеење, и оваа година, деветта по ред ја рангира Виена највисоко на листата за квалитетот на живеење, додека Хонолулу
е на прво место според пристапот и квалитетот на санитацијата во градот, важен фактор во атрактивноста на градовите. Само колку за илустрација, најголемиот град во Велика Британија, Лондон, е на 41 место според квалитет на живеење, а на 67 место според индикаторите за пристап и квалитет на санитарните услови.
Според индикаторите за квалитет на животот, по Виена најголем квалитет на животот има во Цирих, Оукланд, Минхен и Ванкувер. Топ 10ката се дополнува со Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел. На дното на листата се Багдад, Банги и Сана.
Скопје е на 161-то место, а од регионото најдобро е пласирана љубљана на 77-то место, па Атина која е рангирана на 87-то место, Букурешт е на 107-мо, Софија на 116-то место, Истанбул е на 133-то, Белград е на 138-то.
Од регионална перспектива Сингапур е најдобар град за живеење во континентална Азија, Ванкувер е лидер за Северна Америка, за Карибскиот регион е Поан а Питер во Гвадалупе, за Блискиот Исток е Дубаи, а за Јужна Америка – Сан Хуан (Порторико) .
Најдобар град за живеење во САД е Сан Франциско, кој е на 29-то место. Меѓу африканските градови најдобар во рангирањето е јужноафриканскиот град Дурбан (87-мо место).
При подготвувањето на листата се земат предвид неколку критериуми, меѓу кои политичка стабилност, здравството, образованието, криминал, транспорт, можности за рекреација