среда, октомври 23, 2024
домаЖивотВикендов се одржа третото издание на фестивалот “Meet Prespa”

Викендов се одржа третото издание на фестивалот “Meet Prespa”

Оваа година Фестивалот на традиционалните преспански специјалитети „Meet Prespa”
беше организиран во село Љубојно каде дваесетина домаќинства од
регионот ги презентираа своите домашни специјалитети. Многу
задоволни посетители имаа можност да ги вкусат традиционалните
јадења од вештите раце на локалната жена.

А вечерта, на плажата Дупени, во близина на тромеѓето на нашата земја
со соседни Грција и Албанија, се споија DJ-и од трите држави настапувајќи
пред младата публика.

Фестивалот беше посетен од преку 1.000 посетители. Организаторите на
овој настан, НВО Преспа Град и Општина Ресен велат дека се пријатно
изненадени од интересот за посета на овој регион што ги охрабрува
четвртото издание на овој фестивал да има уште побогата програма.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ