среда, јануари 22, 2025
домаКујна„Вита“ - мултимедијална изложба на Филип Петковски во МКЦ

„Вита“ – мултимедијална изложба на Филип Петковски во МКЦ

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија 2) ќе се отвори изложбата „Вита“ од Филип Петковски.

Преку оваа изложба Петковски го критикува објективизирањето на женското тело и ги истражува женственоста и сложеноста на човечката емоција. Проектот вклучува краток филм во режија на Петковски, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и снимки направени од непознати фотографи во првата половина на 20. век. Во проектот учествуваат Наталија Теодосиева, Ана Мојсовска, Слаѓана Вујошевиќ, Анастасија Данчевска, Мими Поп-Алексова, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Долорес Поповиќ.

Филип Петковски е докторанд на Катедрата за светска уметност, култура и танц на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, каде што е и асистент. Во Македонија има работено како кореограф, танцов инструктор и режисер на театарски претстави.

Изложбата ќе биде отворена до 1 ноември.

*Настанот ќе биде реализиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. В.Ѓ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ